Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Токму поради тоа тој претставува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогнат да го сочувате и подобрите здравјето. Маџунот е природен производ добиен од гроздов сок (шира). Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди, органски киселини, гликоза и фруктоза од шеќерите што се застапени во ширата како неопходни елементи што ја овозможуваат неопходната енергија за работа на мускулите, а посебно на срцевиот мускул. Се препорачува за: зајакнување на имунолошкиот систем кај децата, возрасни како и кај спортисти. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при: - инфекција на дишните органи - нарушена функција на хепар, хепатит (жолтица, алкохолизам) - психички нарушувања - прекумерна тежина. - настинки - инфекции на респираторниот тракт Црниот маџун содржи: - Антиоксиданси – Најпознат антиоксиданс е ресфератролот кој го смалува вишокот на холестерол, спречува артериосклероза, дава еластичност, го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари. Докажано е дека е и анти-вирусен. - Минерални материи - Органски материи во природна форма како што се винска, млечна, јаболкова и лимонова киселина. - Има таква структура на шеќери која е идентична како кај пчелиниот мед , односно 50% гликоза (гроздов шеќер) и 50% фруктоза (овошен шеќер). Поради тоа многу е погоден за закрепнување на имунолошкиот систем кај човекот, т.е. луѓе после операција , особено за прележани од хепатит. - Не содржи масти