Соработка|
Контакт

Вргањ

Вргањот (науч. Boletus edulis) се смета за една од најквалитетни печурки, во однос на вкусот и хранливоста, па затоа често е наречен и крал на печурките. вргањот е доста густо-нутритивна храна – содржи многу малку калории,одличен извор на протеини, а од друга страна е особено богат извор на низа хранливи материи. Покрај овие компоненти, вргањот содржи и антиоксидативни компонени, но и одредени количества витамин А, витамин Ц и калциум.

Периодот во кој вирее е токму летниот, односно со почетокот на летото, па се до ноември месец. Вргањот расте во листопадни и зимзелени шуми и се карактеризира со бело-кафена боја на ,,чадорчето’’ и дршка која се задебелува од горе надолу. Најдобро е ако немате добри познавања, да не го берете самите, туку да го купите од проверени извори.

Цел вргањ – 1кг.550ден.
Сецкан вргањ - 1кг - 400ден.