Соработка|
Контакт

Боровинка

Боровинките се едни од најлековитите плодови што ни ги дала природата. Малите, синовиолетови топчиња, долго време се поврзуваат со долговечноста и општата благосостојба на луѓето што редовно ги јадат. Боровинките содржат и солидна количина минерали, какви што се: калиум, манган, бакар, железо и цинк.

Боровинките се идеална храна за мажите, за жените, а најмногу за децата. Ова овошје е богато со витамините А, Б и Ц, како и со антиоксиданти, кои го чуваат менталното здравје и мозокот од оштетување.

Боровинките многу помагаат и во намалувањето на нивото на шеќерот во крвта ,за подобрување на цревната функција и чистење на цревата од паразити, чајот многу помага и во намалувањето на сувото кашлање, болки во желудникот, мачнина, надуеност и повраќање. Боровинките изобилуваат со антиоксиданси, кои го подобруваат имунитетот со неутрализација на делувањето на слободните радикали. Со тоа се намалува штетноста на токсините што влегуваат во организмот.

Боровинката е рачно берена од Кожуф планина.

Боровинка – 1кг.300ден.