Соработка|
Контакт

Аронија

Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор. Ваквата содржина е доволен доказ дека зборуваме за вистинска витаминска бомба.

Помага при главоболка и мигрена,придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и го регулира излачувањето на нејзините хормони, затоа е одлична за лекувањето од гушавост,ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај воспалени и проширени вени,ги намалува болките и грчевите во желудникот, особено е добар за сите што страдаат од чир на желудник,освен што ги смирува болките и грчевите на цревата, одлична е за запирање на проливот,ја подобрува неговата работа и излачувањето на жолчката. Му помага на панкреасот во неутрализирањето на штетните материи.

Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем. Се користат и суви, а и замрзнати плодови.

Сокот од овошје на аронија ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во крвта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини аронијата е идеална билка за зголемување на имунитетот.

Нашата аронија е одгледувана т.е култивирана и минимално третирана со хемиски средства.

Аронија – 1кг.200ден.