Соработка|
Контакт

Планински мед

Планинскиот мед на Демјаница е инзвонредна храна која се својот јак вкус и арома и со своите карактеристики одговара на потребите на организмот преку целиот ден. Бојата на Планинскиот мед е потемна од другите и варира од темно црвена до црна боја. Пчелите работнички го собиваат нектарот од многубројните чаеви кои се во близина на планинскиот пчеларник, а тоа се голем број на лековити билки, растенија и голем број на шумски дрвја, кои потоа го предаваат на пчелите складирачки и со своите ензими го преработуваат во мед кој потоа го складираат во восочните ќелии.

Планинскиот мед на Демјаница има големо антибактериско и антивоспалително дејство, помага против воспалување на грлото, кашлица и синуси. Се користи за зајакнување на имунитетот и при проблеми со респираторниот систем.

Секојдневно користење на мед е најдобриот начин да се искористат неговите лековити својства. Планинскиот мед се препорачува за повозрасните групи на луѓе, физички активни лица и спортисти.

Ливадски мед – 1кг.450ден.