Соработка|
Контакт

Ливадски мед

Ливадскиот мед на Демјаница е инзвонредна храна која со својот прекрасен вкус и арома физиолошки одговара на потребите на целиот организам преку целиот ден. Бојата на ливадскиот мед е со златно жолта боја па се до светло - црвени нијанси. Пчелите работнички го собиваат нектарот од ливадските предели во кои се наоѓаат пчеларниците , го предаваат на пчелите складирачки и со своите ензими го преработуваат во мед кој потоа го складираат во восочните ќелии.

Ливадскиот мед помага за брзо зајакнување на имунитетот, го зголемува хемоглобинот, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од храната и дава енергија за целиот организам.

Секојдневно користење на мед е најдобриот начин да се искористат неговите лековити својства, затоа се препорачува за сите возрасти да се користи поредовно.

Ливадски мед – 1кг.400ден.
Ливадски мед – 0.5кг.250ден.